Ракомет

РК Алкалоид ќе биде домаќин на Велигден во полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ

РК Алкалоид ќе биде домаќин на Велигден во полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ

Ракометарите на Алкалоид по елиминацијата на Баја Маре ќе играат во полуфиналето на Европскиот куп на ЕХФ.

Следен ривал за тимот на Кирил Лазаров ќе биде норвешки Рунар, а двомечот ќе се одигра во втората половина на месец април.

Веќе се одредени и термините за натпреварите. Алкалоид прво ќе биде домаќин и ќе го пречека норвешкиот ривал на големиот празник Велигден во салата „Автокоманда“ во 19:00 часот. Седум дена подоцна скопскиот тим ќе гостува кај Рунар, а мечот на 27 април се игра во 17:00 часот.

Во второто полуфинале својот противник го очекува екипата на Извидач од Босна и Херцеговина, а тоа ќе биде Партизан и АЕК Атина .

To top