Ракомет

РК Алкалоид и РК Е.Пелистер без проблеми во своите натпревари

РК Алкалоид и РК Е.Пелистер без проблеми во своите натпревари

Во рамките од 19 коло од македонската ракометна Суперлига, играчите на Алкалоид во салата „Автокоманда“ ја оправдаа фаворитската улога против Пролет 62 со резултат 37:29.

Во победничките редови одличен беше Дамјан Митев со 10 гола, четири помалку запиша Филип Николов, а голманот Иван Галевски забележа 13 одбрани.

На спротивната страна Тони Димковски беше прв стрелец со осум погодоци, шест постигна Никола Стоилевски.

На табелата Алкалоид е на четвртото место со 31 бод, колку и третопласираниот ГРК Охрид, додека Пролет 62 е на деветтата позиција со 12 бодови.

Во другите денешни мечеви: Струга – Бутел Скопје 24:35, Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 39:24, Тиквеш – Радовиш 44:23.

Табела: Вардар 1961 36 бодови, Еурофарм Пелистер 32, ГРК Охрид 31, Алкалоид 31, Тиквеш 20, Бутел Скопје 20, Еурофарм Пелистер 2 17, Прилеп 16, Пролет 62 12, Куманово 7, Струга 6, Радовиш 0.

To top