Ракомет

РК Алкалоид го освои турнирот „Јоже Шилц“ во Словенија

РК Алкалоид го освои турнирот „Јоже Шилц“ во Словенија

Освојувачот на Европскиот ЕХФ куп, РК Алкалоид е победник на 31 меморијален турнир „Јоже Шилц“ што се одржа во Словенија.

Вечерва во финалето на турнирот РК Алкалоид го совлада тимот на РД Рико Рибница со резултат 35-32 и го доби победничкиот пехар.

Претходно во рамките на овој турнир запиша победи и над екипите на Шкофја Лока и Слован.

Со овој натпревар е заокружена серијата на контролни натпревари на кои РК Алкалоид победи на сите седум одиграни меча.


To top