Селекторот на машката ракометна репрезентација на Шпанија, Жорди Рибера, го објави списокот пред стартот на подготовките за настап на Олимписките игри во Париз.
На списокот на Рибера партиципираат 21 играч, а меѓу повиканите се наоѓа и големата надеж на Шпанија, Петар Цикуса.
За разлика од составот со кој „црвената фурија“ настапи на ЕП 2024, на кое беше елиминирана во групната фаза, нема поголеми проблеми.
Рибера главно ќе се потпира на искусни играчи од типот на Алекс Душебаев, Гонзало Перес де Варгас, Феран Соле, Сергеј Хернандез, Хорхе Македа, Жоан Кањелас…
Шпанија на Олимписките игри за ривали во својата група ги има репрезентациите на Хрватска, Германија, Словенија, Шведска и Јапонија.