Женската ракометна репрезентација на Македонија на 7 март со почеток во 17 часот ќе ја пречека Белгија во рамките од квалификациите за ЕП, дуел што ќе биде одигран во спортската сала во Куманово.
Цената на билетите за овој дуел ќе изнесува скромни 100 денари, се со цел салата да биде што повеќе надполнета и ракометарките да ја добијат поддршката од трибините што ја заслужуваат.
” Нашата женска сениорска репрезентација ја очекува еден од најважните натпревари во квалификациите – директен дуел со селекцијата на Белгија во борбата за пласман на Европското првенство. Да создадеме домашна атмосфера и заедно да ја бодриме Македонија’, објавија од РФМ.