Ракометната Федерација известува дека Управниот Одбор согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 22.07.2024 година донесе одлука за доделување на парична награда.
Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда во вкупна вредност од 1.000.000 денари за машката младинска ракометна репрезентација (стручен штаб и ракометари родени 2004 и помлади), за освојување на 9-тото место на Men’s 20 EHF EURO 2024 шампионатот во Словенија.