Ракомет

РФМ одреди популарна цена на билетите за мечот на женската ракометна репрезентација во Битола!

РФМ одреди популарна цена на билетите за мечот на женската ракометна репрезентација во Битола!

Ракометната женска епрезентација на Македонија ќе ја дочека Словенија во рамките на квалификациите за Европското првенство во Битола.

Избраничките на Кристијан Грчевски одново во салата „Боро Чурлевски“ ќе играат еден квалификациски дуел, а се надеваат повторно на полни трибини. Поради тоа РФМ се реши за популарен потег и билети за натпреварот ќе продава по цена од 100 денари.

Продажбата на влезниците започна денес, а ќе се одвива преку мрежата на „mktickets.mk“ онлајн и на продажните места.

To top