Ракомет

РФМ објави повик за нови ракометни судии

РФМ објави повик за нови ракометни судии

Здружението на ракометни судии на Македонија, преку Стручната комисија, објавува повик за пријавување на нови ракометни судии.

„Доколку сакаш да бидеш дел од ракометот и да се развиваш во спортска и професионална насока — пријави се!“, стои во објавата на федерацијата.

Ракометната федерација на Македонија ги објави и критериумите и условите за пријавување:
• наполнети 16 години
• да играле ракомет или да имаат основно познавање на играта
• да го сакаат ракометот и да имаат желба да бидат дел од спортот
• добри комуникациски вештини и способност за работа во тим
• одговорност, дисциплина и интегритет (фер-плеј и почитување правила)
• подготвеност за обука/семинари и тестирања
• добра психофизичка подготвеност
• спремност за судење на натпревари според распоред (викенди/термини по номинација)

Рокот за пријавување е до 15 февруари оваа година.

To top