Ракомет

РФМ ќе ги награди ракометарите и ракометарките ако се пласираат на СП и ЕП

РФМ ќе ги награди ракометарите и ракометарките ако се пласираат на СП и ЕП

Македонските ракометни селекции во машка и женска конкуренција ќе добијат премии од Федерација доколку обезбедат пласман на Европско, односно Светско првенство, соопштија од РФМ.

Ракометната Федерација одреди идентична сума од два милиони денари како награда за женскиот и машкиот тим, со тоа што девојките се борат за пласман на ЕП, а момците за учество на СП.

За одредување на парична награда за македонската сениорска машка ракометна репрезентација за пласман на СП 2025 во Хрватска/Данска/Норвешка во висина од 2.000.000,00 денари нето износ, како и за одредување на парична награда за македонската сениорска женска ракометна репрезентација за пласман на ЕП 2024 во Австрија/Унгарија/Швајцарија во висина од 2.000.000,00 денари нето износ, соопштија од Ракометната федерација.

Поврзани теми

To top