Ракомет

РФМ ги делегираше судиите за завршниот турнир во ракометниот Куп

РФМ ги делегираше судиите за завршниот турнир во ракометниот Куп

Ракометната федерација на Македонија ги одреди официјалните лица за завршницата на Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.

Кај мажите за првото полуфинале меѓу Вардар и Алкалоид делегирани се Исмаил Металари и Ненад Николовски, додека на вториот меч меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид ќе судат нашите најдобри судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Засега не се познати арбитрите за финалниот натпревар, ама голема е веројатноста честа да им припадне на најдобрите.

Од друга страна, на турнирот во Радовиш кај дамите првото полуфинале во кое играат Ѓорче Петров и Вардар ќе го судат Сања Божиновска и Адриана Здравковска, додека мечот меѓу Чаир и Металург им припадна на Михајло и Методија Илиевски.

Кај дамите веќе е познато дека финалето ќе го судат Марија Илиева и Силвана Карбеска.

To top