Ракомет Супер лига

Репрезентативец на Србија ново име во составот на РК Вардар

Станува збор за искусен играч кој има 28 години и настапи за Металопластика, францускиот тим Иври, а во Вардар прави трансфер од Војводина каде настапуваше во домашната лига и куп, како и во дуелите од ЕХФ Лига Европа.

Репрезентативец на Србија ново име во составот на РК Вардар

Лидерот во ракометната Супер лига Вардар ја потврди соработката со репрезентативецот на Србија десното крило Вукашин Воркапиќ. Тој „црвено-црниот“ дрес ќе го носи до крајот на сезоната 2027/28.

Станува збор за искусен играч кој има 28 години и настапи за Металопластика, францускиот тим Иври, а во Вардар прави трансфер од Војводина каде настапуваше во домашната лига и куп, како и во дуелите од ЕХФ Лига Европа.

Како репрезентативец на Србија има настапи и на светски првенства, а беше дел и од составот на селекторот Раул Гонзалез и на ЕП во Данска.  (МИА)

To top