Ракомет

Раул: Се надевам дека ќе одиграме добро во Лисабон

Раул: Се надевам дека ќе одиграме добро во Лисабон

Шпанскиот стратег на клупата на македонскио ракометен шампион, Раул Алонсо, е свесен за квалитетот на противникот и истакна дека ќе им биде голем предизвик да одиграат добро во Лисабон.

„Спортинг е одличен тим, тие веќе две-три години работат проект и сите видоа што можат да направат. Први се во лигата, а во Лигата на шампионите котираат исто така добро. Многу играчи настапуваа за Португалија на СП, очекувам тим со огормна самодоверба. Исто така, очекувам и сала која ќе биде нивна поддршка. Ќе биде голем предизвик за нас да одиграме добро во Лисабон. Така е во Лигата на шампионите, тоа е нормално. Мора да го одиграме нашиот ракомет и да бидеме солидни во транзиција. Треба да преземеме контрола врз темпото, мислам дека тоа ќе биде клучно за да им парираме. 

Мислам дека ова е нивниот натпревар, со брз ракомет даваат многу голови. Не знам дали ќе можеме да се одржиме на тој ритам, ама тоа ни е целта. Треба да се смириме, да не брзаме премногу и да бидеме добри во одбрана. Во напад работевме доста посветени на тој тип на игра“, изјави Алонсо.

Пелистерци се во добра позиција за првпат да обезбедат елиминациона фаза во Лигата на шампионите, а тоа треба да им биде мотивација плус да прикажат голема борба во Лисабон.

To top