Шпанскиот ракометен стратег Раул Гонзалез ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на Србија, објавија медиумите од кај нашиот северен сосед.
Шпанскиот стратег веќе имал состанок и успешни разговори со раководството на ракометната репрезетнација на Србија, но нема веднаш да го превземе селекторското место, туку ќе и се приклучи на Србија во 2025 година.
Причина за тоа е барањето на Србите новиот стратег да биде целосно посветен на репрезентацијата и да нема клупски ангажман. Договорот на Гонзалез со ПСЖ чиј дел е од 2018 година истекува во 2025 година.