Ракомет

Раул Гонзалес го презема РК Партизан

Раул Гонзалес го презема РК Партизан

Поранешниот селектор на македонската машка ракометна репрезентација и тренерот на македонски Вардар со европска титула Шпанецот Раул Гонзалез од следната сезона ќе биде седне на клупата на белградски Партизан и ќе го наследи Ѓорѓе Ќирковиќ во Партизан.

Според пишувањата на српските медиуми Раул се договорил со клубот до 2028 година, до кога има и договор со Ракометниот сојуз на Србија.

Од белгардскиот клуб ја известија јавноста дека актуелниот тренер Ќирковиќ на крајот на сезоната го завршува својот ангажман во редовите на „црно-белите“.
Во таборот на клубот очекуваат и оваа сезона да заврши успешно особено што Партизан последните сезони е водечки клуб во српскиот ракомет со Војводина.
To top