По мечот во Португалија, тренерот на пелистерци Раул Алонсо го коментираше текот на средбата и истакна дека Еурофарм Пелистер бил 45 минути во егал со противникот.
„Спортинг одигра доста добро. Ние бевме 45 минуто во мечот со Спортинг, но потоа промашивме многу шутеви и беше тешко за нас на ментален план. Знаеме дека мора да поправиме некои работи, но ние сме на прав пат“, изјави Алонсо по натпреварот.
Во следното коло од Лигата на шампионите, Висла Плок ќе му биде домаќин на Фуксе Берлин, додека Еурофарм Пелистер се соочува со Динамо Букурешт дома.