Ракомет

Раководството на РФМ на средба со Видерер во Виена

Раководството на РФМ на средба со Видерер во Виена

Претседателот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Михаел Видерер, заедно со генералниот секретар Мартин Хауслајтнер, остварија официјална средба со делегацијата на Ракометната федерација на Македонија предводена од новоизбраниот претседател Александар Стефанов и генералниот секретар Влатко Тасевски.

Средбата претставуваше значаен чекор во градењето на понатамошната соработка меѓу македонскиот и европскиот ракомет, а во знак на благодарност за поддршката што ЕХФ континуирано ја пружа за развојот на спортот во нашата земја, претседателот Видерер доби Сертификат за благодарност.

Во текот на разговорите се отворија теми за долгорочниот развој на ракометот во Македонија, за унапредувањето на младинските програми, промоцијата на женскиот ракомет и поддршката на домашните клубови. Дополнително, се разговараше и за заедничките активности во рамките на претстојниот Конгрес на ЕХФ што ќе се одржи во септември.

Од ЕХФ беше потенцирано дека Македонија секогаш била важен дел од европското ракометно семејство, со навивачи и клубови кои оставаат силен печат во натпреварувањата. Оваа средба го потврдува континуираниот интерес за заедничка работа и развој, со визија македонскиот ракомет да остане конкурентен и видлив на највисоко ниво во Европа

To top