Третата рунда од ракометниот плејоф во Суперлигата ни го носи дербито меѓу актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и Алкалоид.
Средбата е закажана за в недела од 18 часот, а за истата веќе нема карти во продажба. Имено „зелено-белите“ ја инфомираа јавноста дека распродадена е спорската сала „Боро Чурлевски“ што доволно говори каква поддршка ќе имаат избраниците на Алонсо.
Во регуларниот дел двете екипи го искористија домашниот терен, Пелистер славеше во својот дом со 33:20, додека пак Алкакоид во Автокоманда беше подобар со 32:25.