Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија доживеа неочекуван пораз од Израел од 25-32 на Европското првенство и ќе разигрува за пласман на 19. позиција на престижниот шампионат за млади ракометари.
Најдобар стрелец кај Македонија беше Крстевски со шест гола, а го следеше Ѓурмешевиќ со пет реализации, додека кај Израел, Шарон имаше осум гола. За 19. место на Европското првенство, Македонија ќе игра против Грција.