Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија вечерва првпат тренираше во својата нова база, во Стара Пазова каде ќа ја одржи првата фаза од подготовките за Европското првенство во Германија.
Во градот оддалечен 50-тина километри од Белград, нашите ракометари ќе останат десет дена по што се враќаат во Скопје и тука ќе работат до заминувањето за Дизелдорф.