Ракомет

Ракометарките во недела ќе го дознаат противникот за баражот за СП 2025

Ракометарките во недела ќе го дознаат противникот за баражот за СП 2025

По завршувањето на главната фаза на Европското првенство во Австрија, Швајцарија и Унгарија, женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна можните ривали во баражот за пласман на Светското првенство во 2025 година. Ждрепката е закажана за во недела.

Ракометарките на Европското првенство освоија само еден бод во групата, благодарение на ремито со Турција, а загубија од фаворитите Унгарија и Шведска.

Македонија се најде во вториот квалитативен барабан пред ждрепката, а како можни ривали од првиот барабан ни се Шведска, Црна Гора, Полска, Романија, Словенија, Швајцарија, Шпанија, Австрија, Чешка, Исланд и Фарски Острови.

Сите овие можни ривали се со голем квалитет, па затоа можеби наш најпосакуван противник е селекцијата на Фарски Острови. Бараж натпреварите за Светското првенство во 2025 година што ќе се игра во Холандија и Германија се закажани за деветти или десетти април, а реваншите се една недела подоцна.

To top