Женската репрезентација на Македонија доживеа пораз и на вториот пријателски меч од Австрија што се играше во Брегенц.
Вчера нашиот национален тим беше поразен со 30-25, додека пак денеска бевме поубедливо надиграни за конечни на крајот 34-21.
Австријките беа порасположени за игра и веќе во првиот дел направија разлика од шест гола (15:9), предност која продолжија да ја зголемуваат и по одморот за конечни на крајот +13.