Ракомет

Ракометарките на МКД се во третиот шешир пред ждребката за ЕП

Ракометарките на МКД се во третиот шешир пред ждребката за ЕП

Македонија се избори за учество на Европското првенство за ракометарки кое од 28-ми ноември до 15-ти декември ќе се игра во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

На првенството ќе има шест групи со по четири селекции. Македонија противниците ќе ги чека од третиот шешир каде што се уште репрезентациите на Словенија, Хрватска, Полска, Србија и Исланд. Тоа значи дека не можеме да бидеме во иста група со некоја од овие селекции.

Првенството ќе се игра во четири градови, првата е во Дебрецин, Базел и Инсбург, додека главната во Дебрецин и Виена каде што ќе се игра и финалето.

To top