Женската ракометна репрезентација на Македонија успеа да слави над Велика Британија (36-17) во пријателски натпревар кој се одигра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Нашиот национален тим на овој дуел настапи со ракометарки од домашната лига, а Британките беа добар тест.
Националниот тим предводен од селекторот Кристијан Грчевски ќе одигра уште еден натпревар против Велика Британија, закажан во недела.