Ракомет

Ракометарките на Македонија ослабени пред мечот со Шпанија

Ракометарките на Македонија ослабени пред мечот со Шпанија

Македонските ракометарки пред мечот со Шпанија на вториот дуел од двомечот со „црвената фурија“ во рамките од квалификациите за ЕП 2024, за кој нашата национална селекција ќе биде ослабена поради неиграње на две искусни ракометарки.

Станува збор за десниот бек Елена Ѓоргиевска и за крилото Јована Саздовска, кои воопшто не отпатуваа со репрезентацијата за Шпанија, па се очекува селекторот Грчевски на дуелот со фаворитот да им даде шанса на некои помлади ракометарки.

Покрај Ѓоргиевска и Саздовска, на листата на патници за Шпанија не се најде ниту голманката Слободанка Кицевска.

Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија ќе се игра утре со почеток од 18:00 часот. Македонија има две победи и еден пораз по првите три кола, со огромни шанси за пласман на претстојниот европски шампионат.

To top