Со две победи над португалската екипа Колехио де Гаиа остварени викендов во Скопје, екипата на ЖРК Чаир се пласираше во осминафиналето од Европскиот куп.
Македонскиот претставник денес победи со 28:26 кога ја имаше улогата на домаќин, а вчера како гостин славеше со 29:25.
Во договор на двете страни, двата натпревара се играа во Скопје, сала „Автокоманда“. (МИА)