Женската младинска репрезентација на Македонија доживеа пораз од Црна Гора од 26:23 на Светското првенство кое се одржува во нашата земја.
Нашите ракометарки одиграа две различни полувремиња, прво кое го реализираа со 12:10 и второ во кое не беа на посакуваното ниво и му дозволија на противникот да направи пресврт и слави во СЦ „Борис Трајковски“.
Ова значи дека избраничките на Дарко Јанев ќе разигруваат за пласман од 13-то до 16-то место на шампионатот.
Ривал ќе ни биде селекцијата на Јужна Кореја со која ќе ги одмериме силите во четврток од 15:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.