Македонската машка ракометна репрезентација загуби од Србија на последниот контролен натпревар планиран за делот од подготовките за СП во Стара Пазова.
Србија го добила дуелот со избраниците на Кире Лазаров со резултат 34:29, што е прв пораз за Македонија во првата етапа од подготовките за ракометниот мундијал кој започнува по нешто повеќе од две недели.
Нашите репрезентативци сега ќе се вратат во Македонија каде ќе продолжат со редовни тренинзи, а потоа следува и пријателскиот натпревар со Хрватска.
Македонија го почнува настапот на СП на 15. јануари, во дуел со селекцијата на Унгарија. Во нашата група се уште Холандија и Гвинеја.