Ракомет

Ракометарите тренираа во Торшаван, подготвени се за мечот со Фарски Острови

Ракометарите тренираа во Торшаван, подготвени се за мечот со Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација сака да избори пласман на Светското првенство кое на почетокот на наредната година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка, но за да се случи тоа мора да минеме една незгодна пречка на тој пат, а тоа се Фарски Острови.

Тоа е селекција која е во подем, селекција која игра модерен ракомет и за да ја елиминираме ќе мора да дадеме се од себе во двете соочувања.
Првото е закажано за утре од 20 часот во Торшавн. Нашиот национален тим веќе е во оваа земја, имаше можност и да тренира во салата „Холин а Халси“.
To top