Ракомет

Ракометарите на Охрид денес го дознаваат противникот во 1/4 финалето од ЕХФ Европскиот куп

Ракометарите на Охрид денес го дознаваат противникот во 1/4 финалето од ЕХФ Европскиот куп

Осум екипи од осум различни држави изборија пласман во четвртфиналето од ЕХФ Европскиот куп, а меѓу нив е и македонскиот претставник Охрид.

Охриѓани оваа сезона играат одлично во европското натпреварување, а тоа го потврдија и со двете победи во осминафиналето против чешката екипа Дукла Прага.

Извлекувањето на четвртфиналните двојки ќе се одржи со почеток во 11 часот во Виена.

Покрај македонскиот претставник во четвртфиналето сè уште: Олимпијакос од Грција (финалист во ова натпреварување од 2024); Цеље од Словенија (поранешен европски првак); Извиѓач од Босна и Херцеговина (полуфиналист од ланската сезона); Бузау од Романија; Татабања од Унгарија; Нилуфер од Турција и Карвина од Чешка.

Првите четвртфинални натпревари треба да се играат на 28 или 29.март, а реванш дуелите се на 4 или 5.април.

To top