Ракомет

Ракометарите на Македонија се собраа пред мечот со Словенија

Ракометарите на Македонија се собраа пред мечот со Словенија

Машката ракометна репрезентација на Македонија во мартовската ЕХФ седмица ја очекуваат два дуели против селекцијата на Словенија во Скопје и Копер.

Селекторот Кирил Лазаров веќе ги објави имињата на кои ќе смета, а за денес беше закажан и првиот собир.

Во скопскиот хотел „Александар Палас“ селекторот и стручниот штаб ги пречекаа ракометарите првпат во новата година и по настапот на Светското првенство во јануари.

Лазаров мораше да менува непосредно пред репрезентативниот собир бидејќи поради повреда отпадна Пaвле Атанасијевиќ, а во комбинација влета неговиот тимски колега Цветан Кузманоски.

Ракометарите ќе имаат кратко време за подготовка, бидејќи веќе в среда се игра првиот натпревар во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:00 часот.

Реванш средбата во Копер е на програмата четири дена подоцна (16 март, 18:30 часот).

 

To top