Лигата на европските ракометни шампиони продолжува со натпревари од редовното коло во кое Е. Пелистер го пречекува тимот на Висла Плоцк од Полска.
Битолчани во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе се спротистават на повеќе интернационални ракометни ѕвезди освојувачи на високи одличја и медали, меѓу кои хрватскиот голман Мирко Алиловиќ, словенечките интернационалци Миха Зарабец и Митја Јанц.
– Пред нас е еден многу тежок натпревар, во специфичен момент за екипата. Имаме нов тренер, но се трудиме да бидеме максимално подготвени за предизвикот. Работиме на усовршување на деталите за кои сметаме дека можат да го одлучат натпреварот и се надеваме дека можеме да победиме пред нашите навивачи. Висла игра многу агресивно во одбраната, нивните халфови излегуваат многу високо, затоа ќе мораме да имаме брз проток на топката и солиден напад во простор без топка. Мора да имаме одлична дефанзива и да знаеме што сакаме во нападот, изјави во пресрет на натпреварот во Битола, ракометарот Дејан Манасков.
Европската ракометна федерација за судии на дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Висла Плоцк закажан за денес од 20:45 часот, а гза судии ги делегира Томас Барисас и Повилас Петрусис од Литванија.