Одморот за машката ракометна репрезентација на Македонија заврши и тие ја почнаа последната фаза од подготовките за Европско првенство (ЕП) кое ќе се игра во Германија во текот на месецов.
Македонија го игра првиот меч против Франција на 10 јануари на фудбалски стадион во Диселдорф, а селекторот Кирил Лазаров не ги жалеше неговите избраниците по празниците, односно периодот исполнет со руска салата и кифлички.
Ракометарите на Македонија се во група со Франција, Германија и Швајцарија, а само првите две селекции ќе обезбедат пласман во следната фаза.