Новата ракометна сезона тропа на врата, а веќе од следната сезона започнуваат турнирските натпревари.
Со турнирите во Струга, Охрид и Прилеп започнува брусењето на формата на нашите суперлигаши, а посебен акцент ќе биде ставен на супер-квалитениот турнир во Охрид. Организаторот покани специјален гостин и поранешниот олимписки првак, Лино Червар, токму во нашиот град ќе ја промовира својата нова книга.
Легендарниот хрватски ракометен стратег ќе биде главен промотор на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“, кој ќе се одржи од 19 до 23 август во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид.
Червар, кој зад себе има богата тренерска кариера украсена со олимписко и светско злато со репрезентацијата на Хрватска, ќе биде специјален гостин на турнирот. На 19 август на официјалната прес-конференција Червар ќе ја промовира и својата најнова книга, која ќе биде достапна за купување за сите љубители на ракометот и спортската литература.
Во текот на турнирот, Червар ќе има активна улога во официјалните церемонии – ќе доделува награди за најдобрите поединци на натпреварите и за најистакнатите играчи на целиот турнир.