Потписот на првиот договор од „Платформата за ракометна Битола“ во 2020 година беше историски.
Долгоочекекуваниот трет потпис за продолжување на соработката пристигна денес во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Градоначалникот на Битола и сопственикот на компанијата Еурофарм ставија потпис на договорите, а деталите дополнително ќе ги објават за јавноста. Воочи мечот со ПСЖ фановите на деветкратниот шампион може да бидат среќни и спокојни.
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, и претседателот на клубот и на компанијата Еурофарм, Зоран Стерјев во автентичен сегмент во спортската сала „Боро Чурлевски“ ставија потпис на третиот договор во рамките на оваа платформа. Со оглед на тоа што стариот договор е на истек со завршувањето на оваа сезона, акционерите обезбедија сигурна иднина, стабилен буџет и компетитивен тим“, се вели во соопштението на клубот од Битола.
Претставниците на акционерите изразија задоволство од овој договор и испратија пораки на победи и титули на армијата навивачи на Еурофарм Пелистер,
„Најракометниот град има причина за ново задоволство. Ни претставува чест да го официјализираме продолжувањето на договорот за „Пларформата за ракометна Битола“. Акционерите, Општина Битола и компанијата Еурофарм, денес го потпишаа договорот за продолжување на соработката.