Никола Карабатиќ, кој во април ќе наполни 40 години, ја игра последната сезона од својата богата кариера.
Карабатиќ на 31 мај против тимот на Екс ан Прованс ќе го има последниот настап на клупско ниво.
Составот на Раул Гонзалез натпреварот од последното коло против четвртиот најбогат француски клуб ќе го одигра во „Акор Арена“.
Заинтересираноста за последниот натпревар на Никола Карабатиќ е голема, а француските медиуми објавија дека во рок од две недели продадени се околу 10.000 билети.