ГРК Тиквеш се реши да го смени тренерот Драган Марковиќ, пред самиот почеток на Супер лигата и пред настапот на Европа.
Марковиќ беше назначен за нов тренер пред три месеци, и по кратко време заминува од клубот. Тиквеш не ја образложи причината за смената после кратко време.
„Ја известуваме ракометната спортска јавност дека Драган Марковиќ повеќе не е тренер на Тиквеш“, стои во образложението на Тиквеш.