Ракомет

Познати учесниците на Меморијалот „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Познати учесниците на Меморијалот „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Организатор на Меѓународниот меморијален турнир „Миле Нешкоски“ ракометниот клуб Прилеп ги потврди учесниците на деветтото издание на турнирот.

Од шесте тима кои ќе учествуваат на годинешното издание се македонските суперлигашки состави Прилеп, Охрид, Тиквеш и Куманово, како и прволигашот Е. Пелистер 2. Од соседна Србија гостин ќе биде екипата на Врање.

Турнирот оваа година ќе се одржи од 28 август до 1 септември во Прилеп.

To top