Ракомет

Познати сите 20 учесници на младинскиот ракометен Мундијал во 2025 година

Познати сите 20 учесници на младинскиот ракометен Мундијал во 2025 година

Освен Македонија и домаќинот Полска, на СП 2025 ќе играат и шампионот од младинското ЕП – Шпанија, вицепрвакот Португалија, бронзената Данска, како и Германија, Шведска, Австрија, Исланд, Норвешка, Франција, Хрватска, Унгарија, Србија, Словенија и Романија.

Азија има четири места. Африканскиот континент има шест места, три селекции ќе дојдат од Средна и Јужна Америка, две места се резервирани за Северна Америка и Кариби, а последното ќе биде за победникот на ИХФ Интерконтиненталниот трофеј за младинци.

To top