Ракомет

Познати се сите шест учесници на Струшкиот ракометен турнир

Познати се сите шест учесници на Струшкиот ракометен турнир

Комплетиран е целосниот „ростер“ на екипи кои од 14 до 17 август ќе заиграат на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ крај женската плажа во Струга.

Освен домаќинот, како што беше и најавено ќе настапат Вардар, Еурофарм Пелистер, Тиквеш, АЕК од Грција и ГУИФ Ескилстуна од Шведска.

„Среќни сме што традицијата продолжува и турнирот во Струга го задржува својот интернационален карактер. Ова е 52. издание на турнирот што нè прави особено горди како најдолговечен турнир на овие простори, со секогаш атрактивни екипи и уникатноста на играње на отворено. Сезонава повторно ќе имаме шест екипи поделени во две групи, и натпревари во вечерни термини.

Со Струга секогаш се отвара новата натпреварувачка сезона, па и овојпат ќе можеме да ги гледаме најдобрите екипи кои и досега победуваа на овој турнир и кои се подготвуваат за своите мечеви на домашна и европска сцена. И сезонава подготвуваме новини со кои ќе останеме атрактивен турнир за сите екипи. Радува што интересот за турнирот е секогаш голем. „Како Струга нема друга“, и затоа убедени сме дека ќе имаме уште еден успешен турнир. Ве очекуваме во Струга“, изјави Кирчо Јовановски, претседателот на одборот за организација.

Поврзани теми

To top