Во месец јуни ќе се одиграат завршните фајналфор турнир во машка и женска конкуренција во Лигата на шампионите, турнири во Келн и Будумпешта за кого е познато кој со кого ќе се соочи во полуфиналната фаза.
Ова беше одлучено со денешната ждрепка во унгарската престолнина, па така бранителот на трофејот Магдебург оди на мегдан на Алборг, додека пак на другата страна ја имаме Барселона која ќе се соочи со Кил, тим кој направи „чудо“ во реванш соочувањето со Монпелје.
Овие дуели во Келн ќе се играат на осми јуни, финалето е ден подоцна.Кај дамите пак на почетокот на наредниот месец, Есбјерг ќе игра против Ѓер, а Мец ќе се надигрува со Битенхајм.
Средбите од оваа фаза во Будимпешта ќе се одиграат на први јуни.