Ракомет

Познати се полуфиналните двојки на ЕП во ракомет

Познати се полуфиналните двојки на ЕП во ракомет

Во пресметката меѓу скандинавските домаќини, Данска демонстрираше целосна доминација против Норвешка, славејќи убедливо со 38-24 и на тој начин го обезбеди врвот во групата.

Со овој резултат беа расчистени и сите неизвесности околу распоредот на полуфиналните дуели на Европското првенство.

Како првопласирана, Данска во борбата за финале ќе се соочи со селекцијата на Исланд, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Хрватска и Германија.

Полуфинале:

Данска – Исланд

Хрватска – Германија

To top