Ракомет

Познати се градовите домаќини каде ќе се играат квалификациските турнир за пласман на ОИ

Познати се градовите домаќини каде ќе се играат квалификациските турнир за пласман на ОИ

Светската ракометна федерација ги објави градовите домаќини на квалификациските турнири за Олимписките игри.

Тоа ќе бидат Гранољерс во Шпанија, Хановер во Германија и Татабања во Унгарија, каде ќе се поделат преостанатите шест билети за Париз.

Во Шпанија покрај домаќинот, ќе играат Словенија, Бахреин и Бразил, а во Германија покрај „панцирите“ ќе се натпреваруваат Хрватска, Алжир и Австрија.

На третиот турнир што ќе се одржи во Унгарија, покрај домаќините ќе играат уште Норвешка, Португалија и Тунис.

Двете најдобри од трите квалификациски турнири, кои ќе се играат од 14 до 17 март ќе обезбедат билет за Олимписките игри во Париз.

 

To top