Минатата недела беа одиграни четвртфиналните дуели во Купот на Македонија за ракометарки а денеска ги дознавме полуфиналните двојки.
Бранителот на трофејот шампион тимот на Ѓорче Петров за место во ново финале ќе игра против битолски Пелистер.
Ланскиот куп финалист составот на Чаир за противник ќе го имаат тимот на Спартак.
И ракометарките натпреварите од фајнал-форот ќе ги играат во Струмица, каде ќе си игра и машкиот дел од турнирот.
Полуфиналето е закажано за во сабота 18 април, а термините се 16 и 19 часот.
Мажите полуфиналето ќе ги игра ден порано на 17 април, а двојките се, Еурофарм Пелистер – Охрид (17 часот) и Вардар – Алкалоид (20 часот).
Двете финалиња ќе се играат во недела на 20 април