Актуелниот бранител на титулата, тимот на Магдебург, кој двапати по ред го освојуваше првото место, на последниот натпревар од групната фаза славеше против Универзитет Квинсленд со 57:14 и закажа полуфинале со Келце.
Токму полуфиналниот дуел меѓу бундеслигашот и полскиот прваќ ќе биде реприза од последното финале од Лигата на шампионите, кога ракометарите на Магдебург ја освоија титулата во европската елита.
Во второто полуфинале ќе играат екипите на Барселона и Фуксе Берлин. Каталонскиот гигант убедливо го доби дуелот против Ал Ахли со 11 гола разлика, 37:26, додека Фуксе Берлин славеше над Ал Кувајт со 37:28.
Екипите на Ал Ахли, Ал Кувајт и Ал Наџма ќе разигруваат за пласман од 5 до 8 место. За пласман од 9 од 12 место ќе разигруваат Ал-Нур, Сан Франциско и Универзитет Квинсленд.