Битолските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го водат скопското полуфинале меѓу Вардар 1961 и Алкалоид, а скопските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе судат на дуелот Еурофарм Пелистер – Тиквеш.
Финалето, кое е предвидено за в недела од 19:00 часот ќе го водат Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски.
Браќата Ќаеви и браќата Георгиевски ќе ги судат женските полуфинални средби, а финалето им е доверено на Вукашиновски и Трајковски.