Ракомет

Познати носителите пред ждрепката за четвртфиналето на Купот на Македонија

Познати носителите пред ждрепката за четвртфиналето на Купот на Македонија

Официјално познати се шеширите пред извлекувањето на ждрепката за четвртфиналната фаза од Купот на Македонија во ракомет во машка конкуренција.

Актуелниот освојувач на купот Алкалоид, заедно со Вардар, Охрид и шампионот Е. Пелистер ќе бидат во групата на носители. останатите 12 екипи се распоредни во уште три квалитативни шешири.

Куп на Македонија 2024/25 – ЧЕТВРТФИНАЛЕ/ШЕШИРИ:

Шешир 1: Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Вардар 1961, Охрид

Шешир 2: Тиквеш, Бутел Скопје, Пролет, Струга

Шешир 3: Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс, Прилеп, Куманово

Шешир 4: Радовиш, Партизан Гевгелија, Аеродром, Борец Фруитленд

Натпреварите од групната фаза ќе се одиграат на 26/27 април, а завршниот турнир ќе се игра од 15 до 18 мај.

To top