ЖРК Ѓорче Петров ќе се сретне со својот втор тим во четвртфиналето на женскиот ракометен Куп на Македонија.
Вториот тим на Ѓорче Петров претходно приреди сензација со елиминацијата на фаворизираниот ЖРК Вардар по пенали.
Покрај нив, пласман во најдобрите осум обезбедија и екипите на: Чаир, Куманово, Пелистер 2012, Спартак, Атлетик и Овче Поле. Интересно е што три тима од Првата лига успеаја да се изборат за место во елитната завршница.
Екипата на Чаир, која лани играше во финалето, сега во четвртфиналето ќе ги одмери силите против тимот на Атлетик.
Составот на Куманово ќе бара место во полуфиналето преку дуелот со составот на Овче Поле СУ. Последниот пар го сочинуваат екипите на Пелистер 2012 и Спартак во битка за Ф4 турнирот.