Ракомет

Ракометарите стартуваат со Луксембург, завршуваме дома со Грција

Ракометарите стартуваат со Луксембург, завршуваме дома со Грција

Македонската ракометна репрезентација денеска ги доби ривалите за пласман на ЕП 2028 година. Тоа се селекциите на Шведска, Грција и Луксембург.

Според квалитетот, Македонија би требало да го освои едно од првите две места кои носат пласман на првенството, а ЕХФ го објави и распоредот на натпреварите.

На почетокот на ноември годинава Македонија во 1. коло го пречекува составот на Луксембург, а потоа гостува во Грција.

Во март 2027 година двомеч против фаворитот во групата, селекцијата на Шведска дома и гости.

Квалификациите завршуваат во мај најпрво на гостински терен со Луксембург, а за крај спектаклот против Грција на домашен терен, во кој треба да славиме пласман на ЕП.

To top