По крајот на турнирот на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во ракомет кај дамите, објавен е и „ол-стар“ тимот кој го одбележа овој настан.
Интересно, за МВП на турнирот прогласена е Катрине Лунде. Норвешката голманка го доби престижното признание на дури 44 години, кога е пред ракометна пензија. Таа блескаше на голот и е една од главните виновнички за златото.
Во „ол-стар“ тимот најбројна е Норвешка која брои три члена, исто колку што има и Франција, а по еден член имаат Данска и Унгарија За најдобар стрелец прогласена е Натали Хагман од Шведска.