Во рамките на 19. коло од ракометната Супер лига ќе се сретнат актуелниот ракомете шампион Е. Пелистер и РК Алкалоид екипи кои оваа година претендираат за највисок пласман во ракометниот шампионат на Македонија.
Овој натпревар воедно ќе биде последното дерби меѓу водечката тројка во регуларниот дел од натпреварувачката сезона.
Натпреварот ќе се одигра на 24 февруари во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток од 18:00 часот.